Прва лигаФудбал

ЖФК Љуботен ги доби НСИ Рунавик од Фарски Острови и ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во ЛШ!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Љуботен повторно ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во рамките на УЕФА Лигата на шампиони. На денешната ждрепка што се одржа во Нион, македонскиот шампион доби поволен противник за полуфиналето а тоа е тимот на НСИ Рунавик од Фарски Острови.

Во другата полуфинална двојка ќе се сретнат НСА Софија од Бугарија и ерменскиот Пјуник. Со договор меѓу сите учесници, Љуботен ја презеде одговорноста за организација на мини-турнирот, потврдувајќи ја повторно својата активна улога во европските натпреварувања.

Иако клубот е од Тетово, натпреварите ќе се одиграат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ. Според првичниот распоред на УЕФА, турнирот ќе се одржи во периодот од 30 Јули до 2 Август.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!