Фудбал

ФОТО: Хуманитарен натпревар во Оризари во чест на младите животи згаснати во трагедијата во „Пулс“

Сподели
Сподели

Во спортската сала на кочанското село Оризари се одигра хуманитарен натпревар во мал фудбал, во чест на младите жители од селото кои ги загубија животите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Натпреварот, кој беше исполнет со силни емоции, солзи и сеќавања, имаше една цел – да се оддаде почит и да се соберат средства за настраданите во големата трагедија, кои беа донирани за погодени од големата трагедија.

Натпреварот заврши со резултат 6:4, но резултатот беше во втор план – честа, сеќавањето и солидарноста беа во преден план. Натпреварот започна со едноминутно молчење, а емотивниот момент дојде со пуштањето на четири бели гулаби од најблиските на загинатите.

Во знак на почит, играчите и присутните носеа маички со имиња и фотографии на Андреј Лазаров, Стефанија Соколова, Андреј Стојанов и Стојанче Стефанов – младите чии животи беа прерано прекинати.

Андреј Лазаров, како фудбалер настапуваше за ФК Шкупи, остави силен печат во македонскиот фудбал настапувајќи за Металург, Работнички и Тиквеш, а имаше и меѓународна кариера во Хрватска, настапувајќи за Рудеш и Гориац. Неговото име останува длабоко врежано во срцата на љубителите на спортот.

Натпреварот не беше само спортски настан, туку настан за сеќавање и заедништво – доказ дека спортот има моќ да сплоти, да лечи и да оддаде почит на оние кои никогаш нема да бидат заборавени, а Андреј Лазаров, Стефанија Соколова, Андреј Стојанов и Стојанче Стефанов никогаш нема да бидат заборавени.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!