Турнири

КОМ Атанасовски со три победи во една вечер на “Благој Истатов”

Сподели
Сподели

Понеделничката вечер на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ донесе фудбалски спектакл во режија на екипата КОМ Атанасовски, која во неверојатен ритам одигра три натпревари и ги победи сите три ривали во групата В.

Во првиот натпревар, КОМ Атанасовски во тесен и неизвесен меч го совлада Еклер Транс со резултат 4:3, отворајќи ја вечерта со важна победа што им даде психолошка предност.

Веднаш потоа, покажаа цврст карактер и борбен дух, славејќи со 3:2 против незгодниот тим на Дивино.

За крај на вечерта, во вистински трилер, КОМ Атанасовски успеа да го победи и MaxBet со резултат 4:3, во натпревар кој ја одушеви публиката со темпо, страст и пресврти.

Со овие три победи во една вечер, КОМ Атанасовски го презеде врвот на групата В и направи огромен чекор кон пласман во елиминациите.

Продолжете да ги следите сите резултати, табели и анализи ексклузивно на Спортска Мрежа, единствениот медиумски покровител на турнирот „Благој Истатов 2025“.

Турнирот продолжува денес со нова серија натпревари кои ќе ја продолжат битката за најдобрите четири.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Метин Ќерими има нов клуб – ќе игра за третолигашот Ржаничино

Третолигашот Ржаничино се засили со Метин Ќерими, откако клубот го претстави 23-годишникот како ново засилување. Ќерими во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше...

Ракомет

Бутел Скопје ја продолжи соработката со Стефан Зенговски до 2028 година

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со задржување на костурот на тимот за наредните сезони, а најнов ракометар кој ја продолжи верноста кон клубот...

Поврзани написи
Турнири

Дивино ќе го предизвикува Фреигхт Оне, Перо и Тајфата на мегдан против Црна Река

Вечерва се играат полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“,...

Турнири

Вечерва спектакл на турнирот во Конче – дерби натпревари кои задолжително треба да се проследат!

Турнирот во мал фудбал во Конче продолжува со нова возбудлива вечер, во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!