Турнири

Заврши групната фаза – познати сите патници во осминафиналето на Меморијалниот турнир во Лабуништа

Сподели
Сподели

Со четири последни натпревари одиграни вечерва, официјално се затвори групната фаза од Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа, кој се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, под организација на Шабан Кормакоски.

Првиот натпревар заврши со службен триумф од 3:0 за Златара Бени Ерол, поради суспензијата на тимот на Електро Промет, кој беше исклучен од натпреварувањето во претходното коло.

Во вториот меч, ИВЗ Струга се разбуди во клучен момент, победувајќи го тимот на Султан Турс со 7:3, и со тоа си обезбеди место во елиминациите со две победи од три натпревари.

Третиот натпревар беше одлична завршница за Бинај, кој со 5:2 го совлада конкурентот Фура Кемо. Со оваа победа, Бинај обезбеди важни бодови и добар гол-разлика за влез во осминафиналето.

Последниот дуел за групната фаза заврши со победа на Виена Комерц, кој го победи тимот на Демо Пласт со 2:0. Тоа беше одлучувачки резултат за распоредот во групата, а Виена со тоа ја заокружи групната фаза со две победи.

  • Шеснаесетте најдобри тимови патуваат во елиминациите

По три кола исполнети со борба, неизвесност и многу голови, турнирот сега влегува во највозбудливата фаза – осминафиналето. Секој натпревар од сега па натаму е „да или не“, а тимовите што беа најконстантни, најефикасни или тактички најдобро поставени ќе имаат шанса да се борат за трофејот.

  • Награден фонд:

🥇 2.000 евра

🥈 700 евра

🥉 300 евра

Утре (вторник) ќе биде слободен ден на турнирот, а фудбалските возбудувања продолжуваат во среда.

  • 25 јуни (среда)

Нетто Маркети – Демо Пласт
Балкан Профил – ХТМ Про Вин
Мечо Транс – ИВЗ Струга
Самир Муртезоски – Деко Лукс Ресторан Лабуништа

  • 26 јуни (четврток)

Кафе Бар Лавадо – Сео Пласт
Бербер шоп Мухаммед – Фура Кемо
Златара Бени Ерол – Виена Комерц
Бинај – Идеал Рент а Кар

Спортска Мрежа како медиумски покровител на турнирот ќе продолжи секојдневно да известува со резултати, анализи, табели, парови за елиминации и фотографии од сите дуели. Следете нè и понатаму – македонскиот спорт на едно место!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

Турнири

„Стоби Куп 2026“ – нов детски турнир што ветува фудбалска магија и идни таленти

Општина Градско во соработка со ГФК Неготино најавува организација на нов детски...

Турнири

(ВИДЕО) „Охрид Куп 2026“: Турнир каде секое дете е победник, медал за секој учесник!

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“, кој ќе се одржи од 18...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!