Турнири

Фасада Чајник, Пилана Жарко, Фенербахче и Zqjimi Kompani во 1/4 финале на „Црнилиште Куп 2025“

Сподели
Сподели

Уште четири екипи обезбедија „виза“ за четвртфинале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“.

Вечерва беа одиграни четири атрактивни натпревари, а на кои беа постигнати многу погодоци, на задоволство на многубројната публика, која секоја вечер дава силна поддршка на своите миленици.

Фасада Чајник не виде многу мака и се чекираше во четвртфиналето откако со 2:0 го доби тимот на Мултификс и во следната фаза ќе игра со екипата на Роденденски Пињати.

Екипата на Дербреште немаше сила да се спротивстави на одличната екипа на Пилана Жарко која со 3:7 беше пресилен противникот на теренот во село Црнилиште, а публиката беше сведок на десет атрактивни погодоци.

Фенербахче се намачи со Галоп, но го доби мечот со 2:1 и патува во четвртфиналето каде ќе игра со екипата на Даути Градба.

Zqjimi Kompani со убедливи 7:2 го декласираше тимот на Лисичани и во четвртфиналето ќе игра со екипата на Пилана Жарко.

Утре продолжуваат фудбалските возбудувања со нови натпревари за комплетирање на осминафиналето и со тоа да се добијат и последните патници во четвртфиналето.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на „Црнилиште Куп 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал...

Турнири

Озан Ајаз го освои турнирот „Црнилиште Куп 2026“, мечот за трето место се решаваше на пенали

Екипата на Озан Ајаз е победник на овогодинешното издание на турнирот во...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!