Прва женска фудбалска лигаФудбал

Магдалена Лекоска стави крај на кариерата – започнува како тренер на голмани во ЖФК Истатов!

Сподели
Сподели

Голманката Магдалена Лекоска на 25-години стави крај на својата професионална фудбалска кариера, а сега ќе се посвети на работа како тренер на голмани.

Битолчанката поради повреда принудно мора да ја заврши својата професионална кариера, а како носител на УЕФА А лиценца и официјално од денес Лекоска е во стручниот штаб на ЖФК Истатов и ќе работи како тренер на голмани.

Лекоска како што вели за Спортска Мрежа не ни помислила дека ќе се откаже толку рано, но се здобила со повреда на веќе двапати оперирано колено и поради тоа ќе продолжи да работи како тренер во ЖФК Истатов, каде шеф на стручен штаб е искусниот стратег и селектор Кирил Изов.

Лекоска кариерата ја започна во Топ Гол од Битола, а низ својата кариера беше дел од Скопје, Истатов, Љуботен и Каменица Саса. Во својата кариера освои се што може да освои, шампионски титули, Куп титули, беше дел од сите репрезентации од У-17, У-19 и А репрезентацијата.

Спортска Мрежа разговараше со Магдалена Лекоска, а целосното интервју со 25-годишната голманка која остави длабока трага во македонскиот фудбал во женска конкуренција ќе можете да го прочитате утре (вторник) од 22 часот на Спортска Мрежа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!