Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Горан Самарџиев го сумира сработеното во изминатиот период од подготовките на селекцијата „под 20“ години

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Горан Самарџиев е задоволен како неговите избраници го „поминаа“ оној прв дел од подготовките на селекцијата „под 20“ години. Зад нив е едно неколкудневно гостување во Романија, каде младинската репрезентација на Македонија одигра три пријателски натпревари, два против соодветната селекција на Романците и уште еден против нивната селекција „под 18“ години.

„Задоволен сум од досегашното залагање на момците, бидејќи, и тоа како, се борат за место во тимот. Засега имаме навистина добра атмосфера, и секој ден гледаме да напредуваме се повеќе и повеќе како репрезентација, без разлика на тоа што овие момци немаат, ама скоро никакво, прволигашко искуство“- кратко резимира Самарџиев пред она што следува во текот на оваа работна седмица.

Односно уште два контролни натпревари, против младинската репрезентација на Косово.

„Ќе дадеме максимум на секој тренинг и ‘контролите’ кои следуваат, се со цел да се спремиме што е можно подобро за Европското првенство во Ерменија. Секој од нас мора да даде 110 % од своите можности за репрезентацијата и за Македонија“ – дополнува предводникот на нашиот младински репрезентативен состав.

Согласно со планираните активности, веќе во среда, во Скопје, поточно во салата на СРЦ „Кале“ (од 17.часот) ќе гостуваат младинците на Косово. А два дена подоцна, во петок, предвидено е гостувањето во Качаник, каде двете репрезентации ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар во средишниот дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!