Турнири

Стартуваше „Благој Истатов 2025“: Голови, емоции и убедлив старт на Радио Импулс и Кеги Моби

Сподели
Сподели

Со три возбудливи натпревари синоќа започна третото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“, кој се игра на теренот во Чифлик маало во Струмица. Турнирот и годинава ветува големи возбудувања, а првата вечер потврди дека пехарот ќе се бара со голема борба на теренот.

Во првиот натпревар, екипата на Кеги Моби славеше со 1:3 против Компанија Атанасовски, при што го наметна своето темпо и доминација уште од самиот старт на турнирот.

Во вториот дуел од вечерта, Радио Импулс го демонстрираше својот напад со убедлива победа од 0:6 против ФК Дрвош, испраќајќи порака дека се сериозен кандидат за пласман понатаму.

Најмногу голови публиката виде во третиот натпревар, каде што Дивино во ефикасен меч го совлада тимот на Еклер Транс Пепелиште со резултат 5:3, во натпревар полн со пресврти и динамика.

Турнирот продолжува вечерва со нови возбудувања и нови мечеви во рамки на групната фаза, а „Спортска Мрежа“ ќе биде тука да ги пренесе сите моменти од овој спортски спектакл.

Да потсетиме, првопласираната екипа ќе освои 500.000 денари, а предвидени се и награди за второ, трето и четврто место, како и пехари, медали и спортски реквизити.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!