Втора лигаФудбал

Попоски се враќа во Охрид – уште едно познато име во мисијата за Прва лига

Сподели
Сподели

Второлигашот Охрид Лихнидос продолжува со засилување на тимот за новата сезона во Втората лига, а најновото име на списокот е добро познато на охридската фудбалска јавност – Димитриј Попоски повторно ќе го носи дресот на клубот.

22-годишниот бек, кој доаѓа од редовите на Брегалница Штип, ќе ја засили дефанзивната линија на Охриѓани. Станува збор за фудбалер со завидно искуство во домашниот шампионат – над 40 настапи во Првата македонска лига во дресовите на Борец, Работнички, Тетекс, Силекс и, секако, претходно за Охрид Лихнидос.

Попоски е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, а неговото враќање претставува нов чекор во јасната амбиција на клубот – влез во Првата лига. Веќе претходно во клубот се врати и поранешниот капитен и голман Дамјан Серафимов, со што стручниот штаб испраќа сериозна порака дека Охрид ќе има респектабилен состав за новата сезона.

Од клубот најавуваат уште неколку нови имиња кои ќе бидат претставени во наредниот период, а целта е составување на тим кој ќе може рамноправно да се бори за највисок пласман и конечно враќање на охридскиот фудбал во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!