ИнтернационалциФудбал

Ѓоко Зајков кариерата ја продолжува во Обединетите Арапски Емирати!

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалски репрезентативец Ѓоко Зајков ја продолжува кариерата во Обединетите Арапски Емирати, откако денеска официјално стави потпис на договор со прволигашот Ајман.

Триесетгодишниот стопер во новата средина пристигнува како слободен играч, по истекот на неговиот договор со романската Универзитатеа Крајова. Во дресот на романскиот клуб Зајков настапуваше во изминатите три сезони, при што одигра вкупно 59 натпревари во сите конкуренции.

Покрај искуството од романската лига, Зајков има богата интернационална кариера.

На клупско ниво настапуваше и за Работнички во Македонија, украинската Ворскла, белгискиот Шарлроа, бугарските Левски Софија и Славија Софија.

Во националниот дрес Зајков досега има 39 настапи, при што важи за еден од поискусните дефанзивци во репрезентативниот состав на Македонија.

Клубот Ајман му посака добредојде на македонскиот дефанзивец, а Зајков ќе има можност да се докаже и во арапското првенство, кое во последните години добива сè поголемо внимание.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!