ИнтернационалциФудбал

Стефан Ристовски си заминува од Динамо Загреб по четири успешни години!

Сподели
Сподели

Македонскиот бек е дел од Динамо од февруари 2021 година, откако претходно настапуваше за хрватската Риека. Во дресот на загрепскиот гигант има одиграно 185 натпревари, постигна 7 голови и запиша 21 асистенција. Во текот на четирите години поминати во клубот, оствари значајни успеси, освојувајќи неколку шампионски титули во хрватската Прва лига, како и трофеи во Купот и Суперкупот на Хрватска.

Со своите сигурни настапи и офанзивна поддршка по левата страна, стана еден од клучните фудбалери во тимот.

По заминувањето од клубот, Динамо и неговите навивачи му се заблагодаруваат за посветеноста, трудот и сите моменти што ги донесе на теренот, и му посакуваат многу среќа и успеси во понатамошната кариера.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!