Турнири

Во сабота ќе се извлече ждрепката за Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа

Сподели
Сподели

Утре, ќе биде извлечена ждрепката за Меморијалниот турнир во мал фудбал, во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, а во организација од Шабан Кормакоски и Амир Јускоски.

Ждрепката ќе се извлече во центарот на село Лабуништа, во просториите на Икре, со почеток од 20 часот.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа, за првото место е предвидена парична награда од 2.000 евра, за второто место ќе има награда од 700 евра, а пак третопласираната екипа ќе добие 300 евра награда.

Турнирот ќе се игра според класичните правила за мал фудбал, а преку оваа спортска манифестација им се оддава почит на луѓето кои оставиле длабока трага во општествениот живот во Лабуништа.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој Меморијален турнир и ќе известуваме секој вечер.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!