Останато

Кадетската женска одбојкарска репрезентација на Македонија со максимална победа над Косово

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската женска репрезентација до 19 години ја запиша првата победа на БВА Балканскиот шампионат со 3:0 (25:23, 25:17, 25:17) се радуваше над Косово во вториот натпревар во Тирана.

По вчерашниот пораз од Бугарија, избраничките на селекторот Александар Митев денеска одиграа на високо ниво во сите три сета.

Повторно стартувавме лошо, како во грч и во најголем дел од првиот сет бевме во позиција да бркаме резултат. Косово водеше 21:23 во финишот на првиот дел, но Македонија успеја да изедначи на 23:23, а потоа и да го освои сетот се пресврт, 25:23.

Во продолжението доминиравме на теренот и заслужено дојдовме до победата. Во вториот сет имавме контрола над резултатот од самиот старт па до крајот. Во последниот сет Косово одново понуди отпор, па егал се движевме до 15:15. Со серија од 5-0 Македонија поведе со 20:15, а потоа и рутински со 25:17 го затвори сетот за конечни 3:0.

Македонија денесд во 13 часот го игра третиот меч од групната фаза против Турција.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!