Младински фудбалФудбал

Едукативниот центар при ФФМ воведе нова едукација за заштита на деца и млади за тренерите кои се едуцираат за Ц и Б УЕФА лиценца

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската Федерација на Македонија има за цел да изгради безбедна, пријатна и инклузивна средина за сите деца и млади кои играат фудбал.

Едукативниот центар при ФФМ го препознава клучното значење што го имаат тренерите во заштитата на децата.  Стручното усовршување на тренерите го смета како важен  дел во создавањето на безбедна и пријатна средина во којашто децата ќе тренираат и ќе го засакаат фудбалот со цел  да се развиваат, да  уживаат и да изградуваат здрави животни навики. Улогата на тренерот во млади категории е клучна во градењето на здрав однос спрема спортот во тек на понатамошниот живот. Едукацијата за заштита на деца и млади на тренерите е со цел да се  за подигне  свесноста за важноста на заштитата  и да се унапредат  практиките за заштита.

Во рамките на семинарот за тренери кој се одржува  во Дојран, на 1 јуни беше одржана работилница во која беа опфатени следните теми: што е насилство и типови на насилство,препознавање на знаци на злоупотреба, специфични ризици за децата вклучени во фудбалски активности и како да се реагира соодветно на сомнежи или грижи поврзани со заштитата на децата. Работилницата помина во конструктивна и интерактивна атмосфера во која што тренерите кои се едуцираат за Ц УЕФА лиценца ги споделуваа своите искуства и усвојуваа нови знаења.

Фудбалот е повеќе од игра! Со својата неверојатна моќ привлекува голем број на млади кои почнуваат да тренираат. Одговорност на сите возрасни вклучени во играта во било која улога е да направат фудбалот да биде безбедно место за игра и за уживање.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23 над Луксембург, а вечерва ќе го добие првиот резултатски ориентир за...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!