Турнири

„Црнилиште Куп 2025“: Теа Андреа пресилна – две убедливи победи, Аква Терм со висока победа!

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“, а истите за публиката беа вистинско уживање, бидејќи понудија многу погодоци и доминација на теренот.

Во првиот меч екипата на Аква Терм со високи и убедливи 3:0 го „збриша“ тимот на Ливерпул, а пак веќе во вториот меч беа постигнати пет погодоци за убедлива победа на Галоп од 4:1 над Фризерски салон Рамче.

Во следните два меча доминираше екипата на Теа Андреа, откако во третиот меч вечерва тимот на Теа Андреа без милост го декласираше составот на Галоп со убедливи 1:6, а публиката проследи атрактивни погодоци.

Во четвртиот меч екипата на Теа Андреа стигна до нова победа за два од два откако со 0:4 лесно го надигра во целост составот на Десово Градба.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој турнир во мал фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!