Прва лигаФудбал

Шкендија го продолжи договорот со Клисман Цаке

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Дваесет и три годишниот Клисман Цаке, стави потпис на нов договор со раководството на Шкендија, ставајќи крај на сите шпекулации за евентуално заминување. И покрај бројните понуди од странство, командантот на одбраната реши да остане во тимот, каде што стана една од највлијателните фигури во тимот.

„Пред неколку години дојдов тука со една цел – да станам шампион. И тоа го постигнавме! Имаше предизвици, но никогаш не изгубив верба. Овој дрес и овој град значат многу повеќе од само еден чекор во кариерата. Имав многу примамливи понуди, за кои многумина сонуваат, но овој пат срцето ја донесе одлуката. Решив да останам, бидејќи верувам дека оваа екипа има уште многу за да постигне“, изјави Цаке по потпишувањето на новиот договор.

Тиранецот, роден во Поградец, пристигна во редовите на Шкендија во Јануари 2022 година.

Неговиот претходен договор беше со важност до 30 јуни 2025, но со новата спогодба, соработката е продолжена до крајот на сезоната 2025/26.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!