Втора лигаФудбал

Искусниот голман Бурхан Мустафа е слободен, откако се раздели со Шкендија Арачиново

Сподели
Сподели

Искусниот голман со прволигашко и меѓународно искуство Бурхан Мустафа е слободен, откако 34-годишникот и сега веќе новиот второлигаш Шкендија Арачиново не се договорија за продолжување на соработката.

Мустафа сега е слободен, а според нашите информации е на радарот на неколку екипи кои сакаат да го ангажираат во своите редови.

Мустафа беше капитен во тимот на Шкендија Арачиново, прими само четири погодоци во сите конкуренции, со што ја потврдува неговата одлична форма и стабилноста која ја носи на голот.

Низ својата кариера Бурхан Мустафа има настапувано за Милано Куманово, Шкупи, Дрита од Боговиње, Еуромилк ГЛ, Борец од Вeлес, Работнички, Гoстивар, Брера Струмица, Воска Спорт и последно Шкендија од Арачиново на домашната сцена, а во странство беше дел од тимот на Феризај од Косово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите ракометари. Во недела, 8 ноември, спортската сала „Млаз“, која има голема...

Останато

Македонска Каменица ќе биде домаќин на историско шаховско првенство – најдобрите млади шахисти ќе се борат за државните титули!

Македонска Каменица на 22 ноември ќе биде центар на младинскиот шах во Македонија. За првпат ќе се одржи Државното првенство во забрзан шах...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!