Турнири

„Црнилиште Куп 2025“: Фенербахче вечерва ги „искина“ мрежите со три победи во низа и постигнати 13 гола!

Сподели
Сподели

Вечерва публиката на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2025“ уживаше во шоуто кое го приреди екипата на Фенербахче, славејќи на три меча во низа.

Во првиот меч екипата на Фенербахче буквално ја „искина“ мрежата откако со 7:2 го декласираше тимот на Македонска Куќа Лаки, буквално тимот на Фенербахче беше незапирлив.

Во вториот меч тимот на Фенербахче со 2:1 го доби тимот на Пелагонија Трап, и веднаш тимот на Фенербахче го одигра третиот меч и истиот го доби со убедливи 4:1 против Родеденски Пињата.

Противниците немаат капацитет да го запрат налетот на искусниот тим на Фенербахче составен од Зоран Левески, Стефан Димовски, Виктор Диков, Марио Благојевски, Изејроски…

Во четвртиот меч екипата на Пелагонија Трап доживеа нов пораз од минимални 0:1 од екипата на Родеденски Пињата.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!