Турнири

ФОТО: Магнум е победник на Спортските игри Зрновци – средствата ќе бидат донирани за погодените од трагедијата во Кочани!

Сподели
Сподели

Успешно заврши овогодинешното издание на Спортски игри Зрновци, откако во големото финале екипата на Магнум со 3:2 славеше над тимот на Семејство, а средствата ќе бидат донирани за настрадани од големата трагедија од дискотеката „Пулс“ во Кочани, во висина од 30.000 денари.

Горан Николов беше двоен стрелец, а еден гол постигна Бојан Спасевски за победничката екипа, додека пак за екипата на Семејство двата гола ги постигна Саше Герасимов.

Во натпреварот за трето место екипата на Фабијан беше подобра од тимот на Липечко Поле на крилата на Тони Мичковски со резултат од 4:3, па публиката имаше можност да проследи меч со седум погодоци.

Мичковски ги постигна сите четири погодоци за Фабијан, а пак за екипата на Липечко Поле поодија Мирче Захариев и Алекс Соколов, а еден погодок беше автогол.

Најдобар стрелец беше Алекс Соколов од Липечко Поле, за најдобар голман беше прогласен Васе Јанев од Семејство, а пак Горан Николов од екипата на Магнум беше прогласен за најдобар играч.

Исто така, беше одигран и ревијален натпревар помеѓу ветераните на Светлост Зрновци и припадници на Армијата.

Турнирот се одржува во чест на капетан Синиша Стоилов, кој е патронен празник на училиштето во Зрновци. Турнирот започна на 2 јуни, а заврши синоќа со учество на 13 екипи од Источниот дел на Македонија.


Овој спортски настан беше организиран од страна на општина Зрновци и локалниот младински совет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!