Младински фудбалФудбал

ФОТО: Фудбал Старс е шампион во Регионалната Југоисточна лига – петлиња

Сподели
Сподели

Екипата на Фудбал Старс е шампион во Регионалната Југоисточна лига – петлиња, со одлична сезона зад себе и учинок од 17 победи и три порази за 51 бод вреден шампионски пехар.

Тимот од Кочани имаше фантастична сезона со еден од најефикасните напади кој реализирал 69 погодоци и убедливо најдобра одбрана со примени само 19 погодоци, со тоа шампионот има најдобра позитивна гол разлика од +50.

На второто место заврши Победа од Валандово со 48 бодови, потоа следува Рудар од Пробиштип со 43 бодови, а пак на четвртото место е Мал Ајакс Вардар со 42 бодови на своето конто.

Штипска Брегалница сезоната ја заврши на петтото место со 38 бодови, потоа следува Брера Струмица со 31 бод, Беласица е седма со 25 бодови, велешка Тополка е осма со 17 бодови, Овче Поле е деветти со 13 бодови, тимот на Јанг Бојс е претпоследен односно десетти со 10 бодови, а пак Атлетико 2021 е последен со седум бодови.

За Фудбал Старс и за градот Кочани ова е голем успех, а тимот работи и тренира на теренот во Горни Подлог, а тренери се Симо Митев, Дени Манчовски, Игор Данилов и Јоце Паунов.

Дополнително најдобриот стрелец во лигата со постигнати 33 погодоци доаѓа од шампионската екипа на Фудбал Старс, тоа е талентот Филип Митев.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА РЕГИОНАЛНА ЈУГОИСТОЧНА ЛИГА – ПЕТЛИЊА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК Фудбал Старс 20 17 0 3 69 19 50 51
2 ФК Победа Валандово 20 16 0 4 63 32 31 48
3 ФК Рудар 1947 Пробиштип 20 14 1 5 79 30 49 43
4 ФК Мал Ајакс-Вардар 20 14 0 6 54 35 19 42
5 ФК Брегалница 2008 АД 20 12 2 6 70 36 34 38
6 ФК АП Брера Струмица АД 20 10 1 9 70 44 26 31
7 ФК Беласица АД 20 8 1 11 50 59 -9 25
8 ФК Тополка 20 5 2 13 31 59 -28 17
9 ЗС Овче Поле 20 4 1 15 16 67 -51 13
10 ФК Јанг Бојс 20 3 1 16 24 75 -51 10
11 ФК Атлетико 2021 20 2 1 17 24 94 -70 7

  • ЛИСТА НА НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ РЕГИОНАЛНА ЈУГОИСТОЧНА ЛИГА – ПЕТЛИЊА:
Поз. Име и презиме Клуб Голови
1 Митев Филип ФК Фудбал Старс 33
2 Петков Драган ФК Победа Валандово 31
3 Василевски Душан ФК Рудар 1947 Пробиштип 23
4 Борчевски Матеј ФК Рудар 1947 Пробиштип 18
5 Стоилов Драган ФК АП Брера Струмица АД 16
6 Јашаров Џевџет ФК Брегалница 2008 АД 15
7 Николов Никола ФК Мал Ајакс-Вардар 14
8 Сајов Христијан ФК Мал Ајакс-Вардар 12
9 Димитров Петар ФК Брегалница 2008 АД 11

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!