Ракомет

Ракометниот „бомбардер“ Ивица Илиев стави крај на професионалната кариера!

Сподели
Сподели

Еден од најдобрите ракометари и стрелци во македонскиот ракомет Ивица Илиев реши да стави крај на професионалната играчка кариера.

Илиев како играч на Радовиш каде долги години настапуваше во овој клуб вчера го одигра последниот натпревар против Пролет, а по истиот се одлучи да стави крај на кариерата, но како што најавува ќе остане и понатаму во служба на ракометот.

Илиев важи за вистински „бомбардер“ кој ги „решеташе“ мрежите на противниците, беше вистински лидер во тимовите каде што настапуваше и секогаш кога беше тешко или се кршеше резултат за победа велешанецот ги решаваше тие моменти за добивање на натпреварот.

„Секој почеток има и свој крај… огромна благодарност до сите свои соиграчи со кои сум ја градел својата кариера. Огромна благодарност и до тренерите кои допринеле да опстанам и постанам тоа што сум денес, а најголема благодарност до мојата фамилија и навивачите кои во сите тешки моменти ме натерале да продолжам понатаму. Не е ова крај само едно ново поглавје кое ќе продолжи и ќе трае, секогаш во служба на ракометот. Се гледаме до нови спортски успеси и нови поглавја“, рече Илиев.

Низ својата кариера најмногу време помина во Радовиш во неколку наврати, неговиот матичен клуб е Борец, а настапуваше и за Голден Арт и Овче Поле и во Либан.

Илиев има добиено голем број на признанија и плакети за особен придонес во клубовите каде настапувал и за афирмација на ракометот како спорт.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!