Турнири

Во тек се пријавите за турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски 2025“

Сподели
Сподели

Во тек се пријавите за учество на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски 2025“, кој се одржува во Стар Караорман, Штип.

Пријавувањето на екипи е отворено до 15 јуни, а предвидено е турнирот да започне на 16 јуни, а на 3 јули да биде одиграно големото финале.

Учеството е 4.000 денари, а екипа можете да пријавете кај Дарко на 078 709 995 и кај Игор 078 943 939, а ждрепката е закажана за 15 јуни со почеток во 19 часот.

За првопласираната екипа е предвидена парична награда од 100.000 денари, за второпласираната парична награда од 60.000 денари, третопласираната екипа ќе добие парична награда од 30.000 денари, а пак четвртопласираната екипа ќе добие парична награда од 10.000 денари.

Дополнително, организаторот предвидува награди за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.

Турнирот ќе се игра во формат 5+1, ќе се игра две полувремиња по 20 минути.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!