Втора лигаФудбал

„Лавовите“ пак се сопнаа, Охрид конечно победи, Детонит Плачковица, Охрид и Арсими прокнижија три бодови!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес се одиграат натпреварите од 4. коло во вонреден термин, со што се комплетираат првите пет кола, откако петтото коло се одигра изминатиот викенд од Втората македонска фудбалска лига.

Детонит Плачковица стигна до нова победа од 1:3 над Осогово во Кочани, во меч со пресврт, два пенали, од кои еден нереализиран.

Осогово преку Љиварека стигна до водство по само четири минути игра, тоа направи некое поместување во играта на гостинот од Радовиш, кој започна да игра подобро и преку Христов стигна до 1:1. Во финишот на првиот дел Манов не реализира пенал, откако Ѓоргиев го одбрани ударот од белата точка.

Во вториот дел со атрактивен гол на капитенот Иван Настевски, радовишани стигнаа до водство од 1:2, а во финишот од средбата односно во 84. минута Трајкоски од пенал погоди за конечни 1:3.

На Градскиот стадион во Неготино или познат како „Цвај Арена“ свое соочување имаат Вардар Неготино и Охрид во меч каде охриѓани ја бараа првата сезонска радост, а исходот од мечот беше минимален тримф за екипата на Охрид со голот на Аљтин Лога, со што конечно Охрид се израдува на првиот сезонски триумф.

Башкими на домашен терен ја пречека струмичка Беласица, во меч каде домашниот тим беше фаворит, а исходот беше реми (1:1) и поделба на бодовите. Демири уште во 9. минута погоди за 1:0 и водство на Башкими, а во 33. минута најдобриот стрелец на Беласица погоди за конечни 1:1. Но, по мечот Башкими излезе со соопштение преку кое се жали на судиската арбитража, а во официјалниот записникот за мечот во делот за примедби на делегатот е наведено следново:

„Натпреварот одигран според правила и прописи на ФФМ. Следуваат дополнителни извештаj од службените лица делегирани за натпреварот“

Во Прилеп силите ги одмерија Победа и Арсими, каде гостинскиот тим со головите на Рамадани и Реџепи стигна до триумф од 1:2, а за домашниот им погоди Талески.

Новаци на домашен терен се судри со ланскиот прволигаш Македонија ЃП и успеа да извлече бод откако двете екипите одиграа реми без погодоци (0:0).

Во Македонска Каменица се одигра мечот меѓу Саса и Борец, каде „рударите“ со двата гола на Андреј Симевски стигнаа до триумф од 2:0.

Во Богданци гостуваше штипска Брегалница, која се соочи со екипата на Вардарски, која после 27 години одново е второлигаш, а исходот од средбата беше триумф за фаворитот преку пресврт. Терзиев по една минута игра погоди за 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Калпачки погоди за 1:1, а потоа Абази погоди за конечните 1:2.

Најнеизвесен дуел имаше на „Железарница“ во Автокоманда каде силите ги одмерија Скопје и Кожуф, во дуел за трите бодови, каде на крај и двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако ремизираа со по еден гол (1:1). Стојков погоди за 0:1, а потоа Мицевски за конечни 1:1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!