Трета лигаФудбал

Рушити најдобар стрелец во Трета лига – Запад, Сулимани е втор, пет фудбалери со по два гола!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

По два одиграни натпревари од новата сезона во Трета лига – Запад, фудбалерот на Дрита, Брендим Рушити е најдобар стрелец со четири постигнати погодоци.

Втор на листата на стрелци со три погодоци е фудбалерот на Доброшти, Харис Сулимани. По два погодоци имат постигнати пет фудбалерите.

Арлинд Алији и Ментор Саљиу од Џепчишти, Бајрам Мемеди од Велазерими Слатино, Ермал Саити од Ренова и Хузри Џемаили од Дрита.

26 фудбалери се запишале во листата на стрелци со по еден погодок, а пак тројца фудбалери си постигнале автоголови. Дрин Рустеми од Џепчишти, Рефет Синани од Вардар Брвеница и Изаир Фетаи од Ренова.

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 3. коло на Трета лига – Запад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!