Ракомет

Јагуриновски: Се трудам секогаш да играм најдобро, фокусот ни е на освојување на титулата и во првенството!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Вардар ја освои 17-тата титула во Купот на Македонија откако во финалето кое се играше во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид го совлада Еурофарм Пелистер.

За МВП на завршниот Ф4 турнир во Охрид беше прогласен ракометарот на Вардар, Томислав Јагуриновски, кој за Спортска Мрежа вели дека е среќен што му помогнал на својот тим да ја освои титулата, притоа вели дека време за славење нема, зошто фокусот е на првенството и на освојување на шампионската титула, па така вардарци би имале уште една причина за радост на крајот од сезоната.

„Среќен сум што му помогнав на мојот тим да победиме и стигнеме до првото место. Јас секогаш се трудам да одиграм најдобро, но сакам и да им честитам на противниците за одличната игра. Исто така, сметам дека ние бевме помотивирани и повеќе го посакувавме трофејот од нив, и на крајот заслужено и победивме. Сепак, немаме многу време за славење, ни преостануваат уште два натпревари од Суперлигата, па искрено се надевам дека ќе имаме уште една причина за радост до крај на сезоната“, рече Јагуриновски за Спортска Мрежа.

Вардар сега со фокусот е на клучниот меч кој го игра со Еурофарм Пелистер на домашен терен и се надева на позитивен исход со цел да ја освои и шампионската титула.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!