ФудбалФутсал

Како ќе изгледа Првата футсал лига во сезона 2025/2026?

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Познат е изгледот на Првата футсал лига за новата сезона 2025/2026 односно познати се сите екипи кои ќе се натпреваруваат.

Екипата на Форца ја освои двојната круна минатата сезона, а покрај шампионот во Првата футсал лига ќе се натпреваруваат и екипите на Клими од Кавадарци, Проект од Валандово, Осогово од Крива Паланка, Шкупи, велешки Кеги Моби, Јувентус Серава и Бутел од минатата сезона, а како нови прволигаш се Мал Ајакс од Штип кој стана шампион во Втората футсал лига и Балкан од Скопје кој беше втор во Втората футсал лига.

Од Првата футсал лига испаднаа екипите на Црна Река и Железарец, кои од следната сезона ќе играат во Втората футсал лига.

Како што е познато во Првата футсал лига се натпреваруваат десет екипи, последните две директно испаѓаат во Втората лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Даниел Трајковски носи три бода за Раштани Спорт, минимална победа на Форца Нова, Горски пресилен за Локомотива

Тополка забележа минимална победа од 1:0 над Врановци, а стрелец на победничкиот гол во мечот од 4. коло на Општинската фудбалска лига во...

Прва лигаФудбал

Шкендија останува на врвот, Струга искористи најмногу, Тиквеш е блиску до врвот, Арсими останува во бараж зоната за опстанок

По единаесет рунди во Првата македонска фудбалска лига и натаму Шкендија го држи врвот од табелата, но сега вицешампионот има само еден бод...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФФМ: Исправни судиски одлуки на натпреварот Тиквеш – Башкими

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш и ФК Башкими во неколку ситуации беа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!