Турнири

50 години фудбалска традиција во Мешеишта – турнир со рекорден фонд од 500.000 денари!

Сподели
Сподели

По повод големиот православен празник Петровден, село Мешеишта и оваа година ќе биде домаќин на еден од најреномираните и најатрактивни турнири во мал фудбал во земјава. Ова издание е јубилејно 50-то, а организаторите најавуваат досега невидено спортско случување, достојно на ваков значаен јубилеј.

Награден фонд над 500.000 денари – рекорден!

Турнирот оваа година ќе понуди вкупен награден фонд од над 500.000 денари, што го прави еден од најбогатите аматерски турнири во Македонија. За најдобрите четири екипи се предвидени следните парични награди:

Прво место: 300.000 денари

Второ место: 120.000 денари

Трето место: 60.000 денари

Четврто место: 20.000 денари

Пријавување до 14 јуни 2025 година, котизацијата за учество изнесува 5.000 денари, а распоредот на групите ќе се изврши на 15 јуни. Контакт за пријавување: 071/359-575.


Интересот за учество е огромен!

Како и секоја година, интересот за учество на турнирот е на највисоко ниво. Се очекува силна конкуренција, полни трибини и вистинска фудбалска магија под светлата на теренот во Мешеишта. Турнирот е познат по беспрекорната организација, фер-плеј атмосферата и љубовта кон спортот која се чувствува на секој чекор.

Спортска Мрежа – Медиумски поддржувач на турнирот

Нашиот портал Спортска Мрежа со гордост го поддржува овој турнир медиумски веќе неколку години. Ќе бидеме присутни и оваа година со извештаи, фотографии, видеа и интервјуа, директно од теренот, со цел да го донесеме духот на Петровденскиот турнир поблиску до сите љубители на фудбалот.

Доколку сакате да бидете дел од најголемата фудбалска приказна на летото – пријавете ја вашата екипа навреме и подгответе се за незаборавна борба на теренот!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Љупчо Димовски е нов тренер на второлигашот Еуромилк ГЛ

Второлигашот Еуромилк ГЛ го претстави Љупчо Димовски како нов тренер, кој доаѓа на местото на Јован Трајков, кој поднесе оставка пред шестото коло....

КупФудбал

КУП: Пелистер го елиминираше Вардар на пенали, Саса преку Ана Димитровска го исфрли Скопје, Лана Спасовска со четири гола за Речица

Осминафиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција донесе убедливи и високи победи, само на да натпревари беше неизвесно, а на еден меч...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!