Турнири

„Враништа 2025“: Аце Најдески ја „тресна“ АСП Пак и закажа полуфинале – Бел Мерцедес ја елиминира Сатеска!

Сподели
Сподели

Екипата на Аце Најдески со резултат 1:2 ја совлада екипата на АСП Пак и обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“. Натпреварот понуди сè што фудбалот може да понуди – жестока борба, динамични дуели, бројни шанси и три атрактивни гола, на задоволство на публиката која уживаше во вистински спектакл. Победа со која екипата на Аце Најдески, патува меѓу најдобрите четири.

Во второто четвртфинале, Сатеска ги заврши своите настапи на турнирот, откако беше поразена со 1:3 од мотивираната екипа на Бел Мерцедес. „Таксистите“ доминираа во клучните моменти од мечот и сосема заслужено обезбедија полуфинален билет.

Сабота (31 мај) е слободен ден, а веќе во недела следуваат возбудувањата од полуфиналните пресметки:

  • 21:00 ч. | Аце Најдески против Бел Мерцедес – дерби со сите елементи на класик

  • 22:00 ч. | Студио 13 против Инекс Олгица – двобој кој ветува неизвесност

Турнирот „Враништа 2025“ влегува во својата завршна фаза, каде што секој детал, секој потег и секој гол може да биде клучен. Публиката ќе има привилегија да биде дел од завршница исполнета со емоции, драма и врвен аматерски фудбал.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој престижен спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!