Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

Емили Митковска сама го победи Вардар и обезбеди опстанок за Речица во Првата женска фудбалска лига!

Сподели
Сподели

Речица и во следната сезона ќе игра во Првата женска фудбалска лига откако во баражот со убедливи 4:1 славеше над Вардар, со што скопскиот тим останува и следната сезона дел од Втората женска фудбалска лига.

Натпреварот го реши Емили Митковска откако 18 годишната фудбалерка беше стрелец на четирите погодоци и буквално сама го победи противникот во битката за опстанок.

Речица ќе биде дел од Првата лига и во следната сезона, а бараж мечот го доби убедливо. По само една минута игра Митковска ја стресе мрежата на Вардар за рано водство, а веднаш во седмата минута следуваше нов шок за Вардар откако Митковска со втор гол зголеми на 2:0.

Вардар се обидуваше да се консолидира после двата брзи гола на прволигашот и возврати преку искусната Теодора Јанковска во 26. минута и намали на 2:1, резултат со кој се замина на полувреме.


На стартот од вториот дел Верица Колевска капитулираше по третпат на својот гол, откако Митковска во 46. минута стрелаше за високи 3:1. Се обидуваше Вардар да се врати резултатски бараше ситуација за гол и да биде во игра, но печат на високата победа вредна опстанок во Првата лига стави Митковска со четврти гол во 76. минута за конечни 4:1.

18-годишната Митковска одигра фантастичен меч, буквално сама го победи Вардар и на нејзините крила Речица обезбеди опстанок во фудбалската елита на Македонија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциРепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Што го прави посебен стадионот „Стожице“, каде Македонија ќе бара гол и победа против Словенија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе истрча на теренот на „Стожице“ во Љубљана, каде што ќе го одигра натпреварот против Словенија...

ИнтернационалциФудбал

Давид Масевски направи чекор кон Словачка: 21-годишниот кумановец потпиша за Тренчин

Младиот кумановски фудбалер Давид Масевски направи нов чекор во својата кариера и потпиша договор со Тренчин од Словачка. 21-годишниот фудбалер, кој игра на...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Давид Масевски направи чекор кон Словачка: 21-годишниот кумановец потпиша за Тренчин

Младиот кумановски фудбалер Давид Масевски направи нов чекор во својата кариера и...

Прва лигаФудбал

Муарем Муарем одново на тренерското столче на Башкими

Откако се раздели со Скопје, Муарем Муарем експресно пронајде нов клуб, се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!