Младински фудбалФудбал

АП Брера Струмица доминира во младинските категории – потврдува дека е расадник на големи фудбалски таленти!

Сподели
Сподели

Академија Пандев Брера Струмица продолжува да ја потврдува својата репутација како една од најуспешните фудбалски школи во земјава. Младинскиот состав У19 ја освои КУП титулата за сезоната 2024/2025, откако во финалето убедливо ја совлада Брегалница од Штип со 4:0. Избраниците на Ѓорѓе Стојчев прикажаа целосна доминација на теренот, со што испратија силна порака дека се иднината на првиот тим.

Победата беше најавена уште во првото полувреме со водство од 1:0, додека во вториот дел следеа уште три гола, од кои два беа дело на Бобан Кузмановски и Давид Ристовски, а дополнителен погодок дојде како резултат на авто гол на противникот.

„Ова генерација фудбалери се и вицешампиони откако за три бода не успеа да ја освојат титулата. Станува збор за играчи кои веќе настапуваат во првиот тим но од следната сезона ќе го имаат и главниот збор во сениорските води. Горд сум на овие момци и од срце им посакувам само успеси“, изјави Ѓорге Стојчев, тренер на екипата У19.

Успесите не застануваат тука – и пионерскиот тим на клубот, предводен од Мартин Алаѓозовски, ја освои КУП титулата во својата конкуренција.

Во финалето одиграно на терените на ФФМ во Скопје, тие го совладаа тимот на Пелистер од Битола со минимални 1:0. Пехарот на младите таленти им беше врачeн од членот на Управниот одбор на ФФМ и поранешен фудбалски репрезентативец Агим Ибраими.

Со оваа победа, пионерите ја комплетираа двојната круна – шампионска и куп титула – со што ја заокружија историската сезона за клубот.

Иако кадетскиот состав загуби несреќно во финалето од Шкупи со 2:1, АП Брера Струмица оваа сезона ја заврши со три освоени пехари – два Куп и еден шампионски. Минатата сезона завршија со вкупно четири титули, од кои две Куп и две шампионски, што дополнително ја зацврстува академијата како расадник на фудбалски таленти.

ФОТО: Ilhan Osmani

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Информација за македонските навивачи во Љубљана: Еве од каде се тргнува кон „Стожице“

Македонските навивачи кои денеска ќе бидат во Љубљана ќе имаат организиран превоз до стадионот „Стожице“ за вечерашниот натпревар против Словенија во Лигата на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Даниел Димевски ги пречека македонските кикбоксери по големиот успех во Италија

Македонската кикбокс репрезентација оствари одличен резултат на ВАКО Светското јуниорско првенство во Лидо Ди Јесоло, Италија, освојувајќи пет медали – три златни и...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!