РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Омерагиќ: Ќе ни биде потребно време, трпение и посветеност за да ги вратиме младите репрезентации на нивото кое сите го посакуваме

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ зборуваше за младинските национални тимови и скаутинг – системот на брифингот со новинарите.

Како што вели тој ќе биде потребно време, трпение и посветеност за да ги вратат младите репрезентации на нивото кое сите го посакуваат.

„Реално, се соочуваме со предизвици кога станува збор за младинските национални селекции. Резултатите кои ги гледаме денес се последица на недостаток на континуирана грижа и системска работа во изминатите години. Ќе ни биде потребно време, трпение и посветеност за да ги вратиме младите репрезентации на нивото кое сите го посакуваме. Во таа насока, веќе се направени значајни чекори – имаме нови селектори и воспоставуваме нов начин на работа, кој верувам дека ќе почне да дава резултати во блиска иднина. Дополнителен предизвик ни се и откажувањата на играчи со македонско потекло, кои се родени или израснати во странство. Често, кога ќе испратиме покана за настап во нашите селекции, таа се користи како притисок за добивање повик од репрезентацијата на земјата во која живеат. Исто така, неретко се соочуваме со нереални очекувања од страна на родителите – да се премине директно во повозрасна селекција, без претходни настапи во својата возрасна категорија. Што се однесува до скаутинг – системот, тоа го координираат Ѓорѓи Христов и Горан Пандев. Вложуваме во квалитетна селекција и идентификација на таленти и сум убеден дека оваа работа ќе даде позитивни резултати за младинските селекции во периодот што следува“, рече Омерагиќ.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!