Втора лигаТрета лигаФудбал

Утре во 12 часот ждрепка за поразените третолигашите од баражот за Втора лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, утре во 12 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе се одржи ждрепката за поразените екипи од баражите за Втората лига.

Три екипи во ждрепката, а место во Втора лига има за две екипи, една ќе извиси и ќе остане третолигаш.

Големо Коњари, Преспа и Осогово ќе бидат во ждрепката, овие три екипи ги загубија баражите. Преспа загуби со 0:3 од Слога Виница, Осогово загуби со 1:2 од Шкендија Арачиново, а пак Големо Коњари преку пенали загуби од Тетекс откако во регуларниот дел беше 2:2.

Последните две екипи кои ќе бидат дел од Втората лига во сезона 2025/2026 ќе се дознаат утре преку ждрепката.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија со позитивен биланс против Словенија, но и со голем предизвик во Љубљана

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува осмиот меѓусебен натпревар против Словенија, овојпат во рамките на второто коло од Лигата на нации. Дуелот на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје лидер по седум кола, Љуботен на бод од врвот, Кочани сè уште без победа „закован“ на дното!

По седум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, актуелниот шампион Скопје е лидер на табелата со 18 освоени бодови. Тимот од Пржино...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!