ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Теренот во Црнобуки подготвен за полуфиналето во ОФЛ Битола

Сподели
Сподели

Полуфиналните натпревари од Општинската фудбалска лига – Битола ќе се одиграат на фудбалскиот терен во Црнобуки, кој е во одлична состојба и нуди извонредни услови за игра. Овие натпревари ќе одлучат кој ќе стане шампион на ОФЛ Битола и ќе обезбеди пласман во Третата лига – Југозапад.

Малото село Црнобуки има богата фудбалска традиција, а до неодамна тука беше активен и еден од најдобро организираните клубови во Третата лига – Југозапад, ФК Црно Буки.

Теренот во селото е еден од најдобрите во Пелагонија и пошироко, и редовно се одржува на високо ниво. Во Црнобуки се одржува и Меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља“, преку кој продолжува да живее фудбалскиот дух. Тоа е и единствениот турнир за млади категории кој е целосно бесплатен.

Во полуфиналето на ОФЛ Битола, како што претходно информираше „Спортска Мрежа“, ќе се соочат:

  • Победа Ивањевци против Могила – натпреварот започнува во 17:00 часот.

  • Лисолај против Крошу Спорт – натпреварот започнува во 15:00 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“, Швајцарија славеше со убедливи 3-0...

Кошарка

ВИДЕО: МЗТ Скопје со драматичен финиш до деветтиот Суперкуп

МЗТ Скопје Аеродром ја отвори новата сезона со трофеј, откако во возбудлив натпревар го совлада МКК Куманово со 70-68 и по шести пат...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!