Прва лигаФудбал

Фудбалерот на Работнички Бесир Демири ја продолжи соработката со клубот до 2027 година

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Поранешниот младински репрезентативец Бесир Демири го продолжи договорот со фудбалскиот клуб Работнички за уште две години. Демири го продолжи ангажманот со „романтичарите“ и се обврза да остане дел од тимот најмалку до 2027 година.

Демири, кој претходно настапуваше за Шкупи, Вардар и Шкендија, се приклучи на Работнички во текот на минатата сезона и беше еден од клучните играчи во остварувањето на пласманот на клубот во Лигата на Конференции.

Во следните денови, раководството на Работнички ќе преговара со играчите на кои им истекуваат договорите, како и ќе работи на ангажирање нови засилувања. Исто така, ќе биде познато и кои фудбалери ќе го напуштат клубот.

Покрај тоа, „романтичарите“ ќе назначат нов тренер, а најсериозен кандидат за наследник на Горан Станиќ, кој замина да ја води младата репрезентација на Македонија до 21 година , е досегашниот негов помошник, Бојан Маркоски.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната лига, а по успешниот старт против Партизан, битолчани повторно ќе играат...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!