Трета лигаФудбал

Слога Виница ја декласираше Тиверија со ОСУМ гола, Хоризонт Турново ја доби Брегалница од Делчево, победа за Овче Поле!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Главниот и прв фаворит за првото место и баражот екипата на Слога во Виница со 8:2 го декласираше тимот на Тиверија од Струмица. Ѓорѓиев и Амедов постигнаа по три гол, а Ристов и Ристовски по еден погодок.

За струмичани стрелци беа Пандевски и Трајков со што Тиверија во Струмица се враќа декласирана.

Карбинци успеа да остане непоразен на тешкото за нив гостување во Дојран кај екипата на Дојранско Езеро, откако ремизираше играјќи 1:1. За гостинската екипа Трајанов погоди по девет минути игра, а Петар Илиев во 36. минута постигна гол за конечни 1:1, откако во вториот дел мрежите мируваа.

Фудбалот се врати во Турново, а на првиот домашен меч некогашниот прволигаш Хоризонт Турново со 2:1 славеше над Брегалница од Делчево.

Коцевски во 13. минута погоди за 1:0 на полувреме, а на старотот од вториот дел Гоцев погоди за 2:0. Во 81. минута од натпреварот Пешовски погоди за конечни 2:1 на „Кукуш“.

Светлост на својот прв меч на домашен терен како третолигаш прокоцка можност да ги освои трите бодови во дуелот со Малеш, откако Јакимов во 48. минута погоди за 1:0, а Бојчовски во 88. минута ги постави конечните 1:1 и делба на бодовите.

Ударник на домашен терен претрпи нов пораз, овој пат од Овче Поле од високи 1:4. Стојановски и Нацев беа двојни стрелци за гостинот од Свети Николе, а Коколански погоди за домашниот тим.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!