Трета лигаФудбал

Фаворитите Шкендија Арачиново и Еуромилк ГЛ според планот, Ржаничино и Пчиња запишаа победи!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Фаворитите според планот и во второто коло од Трета лига – Север, Шкендија Арачиново и Еуромилк ГЛ запишаа нови победи.

Со погодоците на Саљихи и Десниќ екипата на Шкендија од Арачиново запиша победа од 0:2 над Башкими Љуботен, а пак Еуромилк ГЛ со лото победа од 7:0 над Академија Илинден.

За поранешниот прволигашот двојни стрелци беа Андреј Јаневски и Матеј Јаневски, а по еден гол постигнаа Стојчевски, Богдановски и Настевски.

Куманово и БВК Коњаре ги поделија бодовите откако ремизираа играјќи 3:3. За шампионот кој не го помина баражот минатата сезона стрелаа Стевчевски, Тодоровски и Златковски, за БВК Коњаре двоен стрелец беше Гезим Бакиевски, а еден гол постигна Адем Аџами.

Пчиња се израдува на првата победа како третолигашот со головите на Кузевски и Спасовски дојде до победа од 2:0 над Аеродром.

Некогашниот второлигаш Кадино со 3:1 славеше над новиот третолигаш Њу Старс во меч со три погодоци на Кристијан Ивановски, а за гостинот погоди Тренески.

Риниа на домашен терен доживеа пораз од 2:4 од новиот третолигаш Ржаничино. За домашниот тим Таири беше двоен стрелец, а пак за гостинскиот тим Лазев стрелаше двапати, а по еден гол постигнаа Петрушевски и Стојановски.

Фортуна со погодоците на Мемети и Мифтари дојде до победа од 2:0 над Беса Влазрими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!