Втора лигаФудбал

Здравков: Важна победа за нас, задоволен сум од играчите но не и од реализацијата!

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица ја забележа првата победа на домашен терен во новата сезона, откако со минимални 1:0 со голот на Стефан Бабунски славеше над екс прволигашот Скопје.

По натпреварот изјава за Спортска Мрежа даде тренерот на радовишни, штипскиот стратег Горан Здравков, кој вели дека за нив ова е важна победа, додава дека е задоволен од играта на играчите, но посочува дека не е задоволен од реализацијата.

„Важна победа за нас, психолошки тежок натпревар, задоволен сум од играта на играчите, но не и од реализацијата. Креиравме седум до осум стопроцентни шанси за гол мора да постигнуваме повеќе голови. Честитки до играчите за желбата за победа и карактерот кој го покажаа. Благодарност до публиката за поддршката која ни ја даваше во текот на целиот натпревар“, изјава Здравков за Спортска Мрежа.

Веќе в среда се играат натпреварите од 4. коло во вонреден термин, а Детонит Плачковица оди во Кочани каде ќе гостува кај Осогово, кој денес извлече голем бод на тешкото гостување кај Брегалница (1:1)

Александар Ванев, М-Нет

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!