Турнири

ФОТО: Чардак Велгошти со „петарда“ за Компани Стојкоски, АСП Пак со триумф над Саше Фин во меч со десет гола на „Враништа 2025“

Сподели
Сподели

Возбудувањата не запираат на популарниот турнир во Враништа – и вечерва публиката доби вистински спектакл со четири натпревари исполнети со динамика, голови и извонредни индивидуални настапи.

Во мечот со најмногу голови, Тримераши уште еднаш докажа зошто ја имаше улогата на фаворит – во вистинска голеада го совладаа тимот на Лавови Струга со спектакуларни 10:5.

Чардак Велгошти продолжува со добрата форма и со сигурни 5:2 го совлада Компани Стојкоски, во натпревар кој го контролираа од првата до последната минута.

Драматичен дуел одиграа Лабуништа и Том Гор, а на крајот минималната предност од 3:2 му припадна на Том Гор, кој покажа цврстина во клучните моменти.


За крај, голови во изобилство – АСП Пак и Саше Фин приредија вистински шоу меч, тимот на АСП Пак кој е еден од главните фаворити за освојување на турнирот со 6:4 го доби Саше Фин и прокнижни триумф.

Со секој нов ден, турнирот „Враништа 2025“ станува сѐ поинтересен – Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски наста.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во прилепското село Дебреште, а победничкиот трофеј го освои екипата на БХС...

Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го освоија меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Во атрактивен натпревар со неизвесности прилепскиот...

Поврзани написи
Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!