Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера слави во дербито со Саса, Речица со четири гола го доби Атлетико!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Влегуваме во самиот финиш од сезоната во Првата женска фудбалска лига, а до крајот од сезоната остануваат уште две кола за комплетирање на истата, по што ќе остане да се одигра баражот за пополнување на елитата, а кој бараж ќе го играат Речица и второлигашот Вардар.

Во рамки на 25. коло екипата на Тиверија Брера со 3:1 славеше во дербито со Каменица Саса во Струмица. Со двата гола на Кристина Нафула во првиот дел екипата на Тиверија Брера имаше 2:0 на полувреме.

Во второто полувреме гостинот од Македонска Каменица преку Бразилката Туане Де Соуза Фрагосо „рударките“ намалија на 2:1 и со тоа се врати неизвесноста за бодовите. Сите дилеми ги реши Теона Галабовска во 81. минута кога погоди за конечните 3:1.

Речица однесе висока и убедлива победа од 1:4 над Атлетико во Битола, во меч каде Емили Митковска со хет-трик го реши натпреварот. Токму Митковска во 10. минута погоди за 0:1 и водство на Речица, а Анета Марковска во 36. минута постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел со два брзи гола во 50. и 55. минута на Митковска екипата на Речица дојде до 1:3. Веќе во 59. минута Теодора Настова заработи директен црвен картон, а гостинот остана со играч помалку на теренот, но и тоа не го искористи домаќинот.

Во 76. минута од мечот кој се играше на „Павел Шатев“ во Битола, Анѓела Петковска постигна гол за конечни 1:4.

По подолг период се одигра натпревар од Првата женска фудбалска лига на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, а на овој терен Истатов забележа побеад од 1:2 над домаќинот Топ Гол.

Резултатот беше отворен во 27. минута кога Ана Нешковска постигна гол за 0:1 на полувреме. Во вториот меч Михаела Марковска постигна гол во 75. минута за 1:1, а победникот беше решен во 82. минута, кога капитенката Кристина Петрушевска беше сигурна од белата точка за конечни 1:2.


Шампионот Љуботен забележа победа од 4:2 на домашен терен над Скопје. Александар Јовановска постигна гол по само шест минути игра за водство на домаќинот, а Рабија Дервиши во 22. минута израмни на 1:1. Во 32. минута Екатерина Фролова беше прецизна за 2:1 на полувреме. Стартот од вториот дел донесе брз гол за голгетерката Хава Мустафа која погоди во 48. минута, а во 52. минута Дервиши со нов гол намали на 3:1. Само минута беше потребно за Љуботен да зголеми на 4:2, откако Тања Малесија го постави конечниот резултат.

Екипата на Ас Јунајтед беше слободна во рамки на оваа коло.

Веќе во среда се игра вонредното 26. коло, кое ќе биде претпоследно коло, а викендот ќе биде одиграно последното 27. коло со што ќе заврши сезоната во ПЖФЛ, која ќе се комплетира со баражот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа со 0:2 на гостувањето кај Детонит Плачковица во заостанатиот натпревар од...

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

Фудбал

Подобри услови за фудбал во Гостивар: Дополнителни рефлектори поставени на теренот со вештачка трева

Фудбалот во Гостивар добива подобри услови за работа и одржување на натпревари,...

Прва лигаФудбал

Шкендија лидер, Брегалница скокна на шестото место, Силекс седми, Скопје на дното

Вчера во Штип беше комплетирано осмото коло од Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Голем влог во Радовиш и Тетово: Кој ќе слави и кој ќе направи скок на табелата?

Денес ќе биде комплетирано второто коло во Втората македонска фудбалска лига со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!