Втора лигаФудбал

Арсими испиша историја – Чегране ќе има свој прволигаш во новата сезона

Сподели
Сподели

Екипа на Арсими од Чегране го постигна најголемиот успех во својата историја.

Во последното, 30-то коло од сезоната во Втората македонска лига, Арсими славеше со убедливи 0-4 на гостувањето кај Вардар Неготино и со тоа го обезбеди второто место на табелата, кое носи директен пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Ова ќе биде прво учество за Арсими во елитното друштво на мак-фудбалот. Историски момент, не само за клубот, туку и за целото село Чегране, кое од следната сезона ќе има свој претставник во најсилната лига во Македонија.

Успехот не доаѓа случајно. Тимот покажува континуиран напредок и стабилен раст. Во јуни 2022 година, Арсими како шампион на Трета Лига – Запад преку баражот против Овче Поле се избори за влез во Втората лига. Само три сезони подоцна, тимот под водство на тренерот Вилдан Салиу го прави следниот голем чекор – историски пласман во Првата лига.

Покрај спортските резултати, клучна улога за овој успех одиграа доброто менаџирање на управата, вложувањата во инфраструктурата и создавањето на тим со силен натпреварувачки дух.

Чегране има причина за гордост – Арсими ја отвора новата страница на својата историја, сега како прволигаш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!