ФудбалФутсал

Кораб убедлив против Победа – пет гола за Елезоски, ССК Скопје и СЕЕ Университи се распукаа!

Сподели
Сподели

Екипата на Кораб со високи 8:14 славеше над Победа во Прилеп во меч од 24. коло на Втората футсал лига на Македонија.

Натпреварот покрај победата за тимот од Дебар ја одбележа и петте гола на Ервин Елезоски, а за гостинот двојни стрелци беа Бурхан Бајрами, Октај Беќири и Дарко Блажевски, а по еден гол постигнаа Енес Боличе и Есмир Мирто.

За домашнио тим по три гола постигнаа Јолески и Здравевски, а по еден гол Паскоски и Спиркоски.

ССК Скопје со убедливи 9:2 го декласираше тимот на Партизан Југ од Брвеница, а во оваа убедлива победа Димковски постигна хет-трик, а по два гола постигнаа Здравевски, Сулејман и Цветановски, додека пак за гостинот погодија Аризанкоски и Спироски.

СЕЕ Университи го декласираше Овче Поле, со што тимот од Свети Николе остана без шанси за Прва лига и со тоа и следната сезона ќе биде дел од Втората футсал лига.

Мемеди постигна хет-трик за домашнио тим, два гола постигнаа Османи и Азизи, а по еден гол Рамадани и Муртезани. За гостинто Наумов имаше два гола, по еден Андонов и Јованов, а пак Андонов си постигна автогол.

Денес Каршиака ќе игра со Балкан, а пак бутолски Конзули против Кратово ќе игра во понеделник во Ресен.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!