Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски ќе го започне настапот на ATP Challenger 75 турнирот Macedonian Open 2025 со дуел против осмиот носител Мили Пољичак од Хрватска. За Ивановски ова ќе биде втор настап на скопскиот Челинџер, откако првпат учествуваше во 2023 година, а минатата сезона ја пропушти поради повреда.
Прв носител на турнирот е Боливиецот Хуго Делиен, моментално рангиран на 103. место на АТП листата. Тој во првото коло ќе се сретне со тенисер од квалификациите, а веќе има обезбедено и настап на претстојниот Ролан Гарос.
Меѓу учесниците е и актуелниот шампион Жоел Шварцлер од Австрија, кој во првата рунда ќе се сретне со Гонзало Буено од Перу. Настап на турнирот ќе имаат и Дино Прижмиќ од Хрватска и Жомбор Пирош од Унгарија, кои викендов славеа на Челинџер турнирите во Загреб, односно Тунис.
Мечевите од првото коло започнуваат во понеделник, а турнирот се игра за вкупен награден фонд од 100.000 американски долари.
Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...
Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...
Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...
По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...
Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...