Турнири

Петта вечер на Враништа 2025 – голови во изобилство: Лото победа за АСП Пак, Сатеска постигна девет гола!

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“ продолжува со полна динамика, а петтата вечер донесе нова доза атрактивен фудбал, многу голови и неколку резултати кои ќе имаат сериозно влијание врз пласманот во групната фаза.

АСП Пак уште еднаш блесна во голгетерски стил, убедливо победувајќи ја екипата на Лабуништа со високи 7:2. Тимот прикажа фантастична форма, предводен од расположениот напад и прецизна реализација.

Во вториот натпревар, М.М. Транс покажа зрелост и контрола, совладувајќи ја Македонија со 3:0. Мечот беше тактички воден од страна на победничката екипа, која не дозволи ниту еден сериозен обид кон својот гол.

Третата пресметка помеѓу Хаџијан и Дооел Ноче беше вистинско дерби со многу емоции. Двете екипи одиграа изедначено и поделбата на бодовите (2:2) беше најреален исход по крајно борбен натпревар.

Во последниот меч за вечерта, Сатеска ја потврди одличната форма со нова убедлива победа – овојпат над Рент а кар Кико со резултат 9:1. Тимот доминираше од самиот почеток до крај и сериозно се наметнува како еден од фаворитите на турнирот.


Турнирот во Враништа добива сè поинтересна форма, а натпреварите сè почесто се решаваат со инспирација и индивидуални мајстории. „Спортска Мрежа“ и понатаму ќе ви ги пренесува сите возбудувања, директно од терените каде што спортскиот дух е на највисоко ниво.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Сребро за Македонија во Рига – Елеонора Јосифоска од ЏК Дрим се искачи на победничкиот пиедестал!

Уште еден меѓународен успех за македонското џудо! Младата Елеонора Јосифоска, членка на Џудо клубот Дрим од Струга, освои сребрен медал на меѓународниот турнир...

ФудбалЧетврта лига

Локомотива до минимална победа, реми на Тополка и Горски, Плавник го доби Согле

Седмото коло на Општинската фудбалска лига во Велес донесе погодоци на сите мечеви, само на еден меч беше доволно еден гол за да...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!