Трета лигаФудбал

ФК Сатеска: Клубот нема да згасне, Сатеска не е обично име, таа е институција со 49 годишно непрекинато постоење!

Сподели
Сподели

Доцна вечерва фудбалскиот клуб Сатеска од Волино излезе со соопштение преку кое клубот истакна дека ќе продолжи да функционира и во иднина и дека сезоната ќе биде доиграна.

Дополнително, како што се вели во соопштението пеналот во мечот со Преспа бил непостоечки, а клубот добил драконски казни, притоа потенцирајќи дека клубот нема да згасне, и дека Сатеска ќе продолжи да функционира.

„Ако и најмалку сте помислиле дека после судиската режија од страна на судијата Александар Мартиноски, кој на дерби натпреварот со ФК Преспа, во 94 минута досуди непостоечки пенал за гостите и по најмалку посакуваниот инцидент по натпреварот, драконски казни за клубот, кои во фудбалска Европа не се изречени, бојкотот од поединци од Волино, дека ФК Сатеска ќе пропадне и згасне грдно се измамивте и залудно се надевавте. И со 10 и едвај 11 играчи Сатеска ќе го доигра првенството и не само тоа буквално ги прегази двата тима кои требаше да ги прегази, Караорман и Славеј, со по шест голови во нивните мрежи. Сатеска не е обично име, таа е институција со 49 годишно непрекинато постоење. И ќе постои се додека тече рекана. Благодарност до сите кои издржаа до крај во сепак и покрај се најдобрата сезона во Третата лига, а најмногу до голманот ветеран Димче, Кипро, Лука, Филип и најмладите Бојан и Јовче, кои до крај останаа со клубот“, се вели во соопштението на третолигашот од Волино.

Екипата на Сатеска од Волино се натпреварува во Третата македонска фудаблска лига – Југозапад.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Турција е исклучително квалитетна репрезентација, за нас ова е уште еден важен тест

Македонската репрезентација во Истанбул, ги привршува подготовките за утрешниот контролен натпревар против Турција, една од селекциите кои обезбедија пласман на Светското првенство. Во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Брера испадна во Втора лига, Скопје се врати во ПМФЛ со голот на Трајчевски

Брера Струмица е нов второлигаш откако беше поразена во баражот за опстанок од тимот на Скопје, кој се враќа во Првата македонска фудбалска...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Брера испадна во Втора лига, Скопје се врати во ПМФЛ со голот на Трајчевски

Брера Струмица е нов второлигаш откако беше поразена во баражот за опстанок...

Втора лигаТрета лигаФудбал

Тетекс со ДЕВЕТ гола го декласираше Влазними и избори опстанок во Втора лига

Екипата на Тетекс без проблеми го декласираше Влазними и останува во Втората...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Кожуф меѓу четирите најдобри во Македонија: Генерацијата 2018 донесе нов успех за гевгелискиот клуб

Фудбалскиот клуб Кожуф продолжува да ја потврдува квалитетната работа со младите категории,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!