ФудбалЧетврта лига

ФК Бујковци е шампион на ОФЛ Гази Баба и ќе игра бараж за влез во Трета лига – Север

Сподели
Сподели

Екипата на Бујковци е шампион во Општинската фудбалска лига Гази Баба и ќе се подготвува за бараж натпреварот за влез во Третата македонска фудбалска лига – Север.

На три кола до крајот, екипата на Бујковци, на 17 одиграни натпревари, има учинок од 15 победи, едно реми и еден пораз, при што тимот постигна 57 гола, а прими само 11. Тоа значи дека екипата на Бујковци доминираше, бидејќи има најдобар напад и најдобра одбрана во лигата.

Со овој учинок, тимот има 46 бодови на своето конто, додека на второто место е екипата на Долно Коњари, која има 38 бодови, но има одиграно натпревар повеќе од лидерот.

За клубот ова е историска сезона и голем успех – пехарот ќе добие соодветно место во витрините на клубот и ќе биде потврда за оваа златна генерација на играчи кои испишаа историја. Сега клубот ќе се подготвува за баражот за влез во Третата лига – Север.

„Официјално добивме потврда од ОФС Гази Баба на чело со претседателот Дарко Костовски дека ФК Бујковци е шампион на ОФЛ Гази Баба за сезона 2024/25 и дека ќе игра бараж натпревар за влез во Трета лига – Север. Бујковци е мало место кое треба да се гордее со овој успех и никогаш да не ги заборави овие златни момци кои со сето свое знаење, искуство и пред сè срце го впишаа Бујковци на фудбалската карта. Честитки за освоената титула која сигурно ќе најде соодветно место во витрините на фудбалскиот клуб и нека трае оваа бујковска фудбалска бајка што е можно повеќе и со уште поголеми успеси од овој. За прославата на титулата и бараж натпреварот ќе бидете дополнително известени! Славете го овој успех, бујковчани, зошто шампион не се станува секој ден!“, се вели во соопштението на клубот.

Првата цел на клубот е исполнета – шампионскиот пехар во ОФЛ Гази Баба (четврта лига по ранг на натпреварување), а сега втората цел ќе биде да се помине баражот и тимот да настапува во Третата лига – Север во следната натпреварувачка сезона 2025/2026.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!