ФудбалЧетврта лига

ОФС Струмица распиша повик за нови фудбалски судии

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица објави јавен повик за пријавување на нови фудбалски судии. Повикот е отворен за сите заинтересирани млади лица кои имаат желба да бидат дел од фудбалот од друга, подеднакво важна перспектива – онаа на арбитрите на теренот.

Од ОФС Струмица информираат дека не е потребно претходно судиско искуство, бидејќи сите пријавени кандидати ќе добијат соодветна обука, стручна поддршка и можност за напредување во рамки на официјалниот судиски систем во македонскиот фудбал.

Пријавувањето се врши директно преку контакт со ОФС Струмица на следните телефони: 071 399 659 и 071 234 414, како и преку електронска пошта на адресата: ofs.strumica@hotmail.com.

Со овој потег, ОФС Струмица продолжува со заложбите за развој на фудбалот во регионот, создавајќи нова генерација судии кои ќе бидат дел од официјалните натпревари и натпреварувачки структури низ сите категории. Како што веќе информираше Спортска Мрежа, ОФС Струмица за следната натпреварувачка сезона ја активира и Општинската фудбалска лига во Струмица, па така по пауза од неколку сезони се враќа фудбалот во струмичко на голема врата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!