Трета лигаФудбал

Генералниот секретар на ФФМ во посета на ОФС Кочани

Сподели
Сподели

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заедно со шефот на кабинетот на претседателот на ФФМ, Стојче Атанасовски и Дончо Герасимовски го посетија Општинскиот фудбалски сојуз во Кочани.

Средбата била од информативен разговор, а се разговарало за подобрување на соработката и потребните на сите членки на ОФС Кочани.

„Средбата беше од информативен карактер и се разговараше за подобрување на соработката и потребите на сите членки на ОФС Кочани односно клубови, судии, контролори, делегати, спортски работници и тренери. Благорност за оваа посета и иницијатива и до претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ кој со дела покажува дека ФФМ работи на позитивни промени во Македонскиот фудбал“, истакна Александар Андов, претседател на ОФС Кочани.

На средбата, исто така присуствуваше и секретарот на ОФС Кочани, Столе Тошев.

Инаку, седиштето на Третата македонска фудбалска лига – Исток е во ОФС Кочани, а сојузот важи за одлично организиран.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!