По скандалот кој се случи на мечот во Гевгелија од денешното вонредно 28. коло на Втората македонска фудбалска лига меѓу Кожуф и Башкими се огласи и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Министерот на социјални мрежи испрати порака, со која потенцира доколку сомнежите се потврдат ќе има сериозни санкции за ФК Кожуф и ФК Башкими.
„Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите на клубовите Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт. Борбата за чист спорт продолжува и Министерството за спорт ќе биде секогаш на вистинската страна“, напиша министерот Ристовски на социјалните мрежи.
Натпреварот заврши со резултат од 1:2 за екипата на Башкими, кој триумфираше преку пресврт откако прво поведе Кожуф.