Втора лигаФудбал

ФФМ веднаш реагираше со соопштение: Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) експресно реагираше за случувањата во Гевгелија односно за натпреварот меѓу Кожуф и Башкими.

Иако во самото соопштение не се спомнати екипите, сепак јасно е дека станува збор за натпреварот во Гевгелија, од денешното 28. коло на Втората лига.

Во продолжение целосното соопштение на Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.

Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот.

Она што го видовме е срамно и неприфатливо.

Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици.

Очекуваме целосни извештаи од официјалните лица на натпреварот, по што ќе бидат преземени сите мерки во рамките на нашата надлежност.

Нема да има заштитени – секој што со своето однесување го нарушил интегритетот на натпреварувањето ќе биде соочен со одговорност.

Нашата цел е јасна: фудбал без дамка, натпревари во кои резултатите се одлучуваат на теренот, а не зад кулисите.

ФФМ останува цврсто определена да стави крај на нечесните практики и да го врати достоинството на македонскиот фудбал.

Време е конечно да расчистиме со ѓубрето што со години го труе македонскиот фудбал.

Во соработка со МВР и надлежните институции ќе преземеме сè што е потребно ваквите случаи да добијат соодветен епилог.

Натпреварот заврши со резултат од 1:2 за Башкими, откако со гол во 94. минута го победи Кожуф во Гевгелија.


Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!