Втора женска фудбалска лигаФудбал

Капитенката на Порече, Ѓорѓиоска Блажеска со последна почит кон Здравески – силна порака од срце на теренот во Македонски Брод

Сподели
Сподели

Последното коло од Втората женска фудбалска лига помина во знакот на емоциите и спортската почит. На натпреварот меѓу Порече и Билјанини Извори (1:6), одигран во Македонски Брод, капитенот на домашниот тим, Јована Ѓорѓиоска Блажеска, испрати силна порака со личен гест во чест на прерано починатиот Николче Здравески – легендарниот фудбалер на Победа и тренер.

Во моментите на излегување на теренот, Ѓорѓиоска Блажеска носеше црна маичка со посвета на Здравески, оддавајќи му последна почит на човекот кој остави неизбришлива трага во македонскиот фудбал, но и во животите на многу млади играчи кои ги советуваше, мотивираше и водеше со огромно срце.

Во својата изјава за „Спортска Мрежа“, капитенката искрено и со силни емоции изјави:

„Ти благодарам што имав можност да те запознаам, ти благодарам за секој совет за животот и фудбалот. Човек со големо срце како планина, човек кој знаеше да биде родител, тренер и педагог. Шефе, почивај во мир и спокој. Денес, утре, засекогаш ќе живееш во моето срце! Вашата Јовка“, изјави за Спортска Мрежа капитенката на Порече, Јована Ѓорѓиоска Блажеска.

24-годишната Ѓорѓиоска Блажеска со Здравески соработуваше во екипата на ЖФК Деспина од Прилеп, како и во фудбалската академија Прилеп.

Овој момент во Македонски Брод беше потсетник дека фудбалот е многу повеќе од спорт – тој е заедништво, вредности и сеќавања што живеат и се паметат засекогаш.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!